заруменее (се) | св.

Добие румена боја, стане румен. Образите му се заруменија.

зарупа | св.

Почне да рупа. Магарето ги зарупа корите од лубеницата. Детето ги зарупа бонбоните.

зарупка | св.

Почне да рупа по малку, во помала мера: Коњите лакомо ја зарупкаа сочната трева.

зарф | м.

Метална тацна за филџан.

зарче | ср.

за'рчи | св.

Двајцата за миг заспаа и за'рчија силно.

засади | св.

Почне да сади. Го засадивме кромидот вчера, до утре ќе бидеме готови.