з | глас
Глас, звучна согласка во македонскиот стандарден јазик, уснена според местото на образување, фрикативна според начинот на образување.
за | предл.
Може да означува:
за- | претс.
Претставка/префикс за образување глаголи со следниве значења:
зааби | св.
Почне да аби нешто. Тој ја зааби секирата со сечењето на едно големо стебло.
заака | св.
Одејќи, го изгуби, го згреши патот; заскита. Не знам каде сум заакал. Да си одевме по патот, немаше да заакаме.
заангажира (се) | св.
заапе | св.
Почне да апе;
заарни се | св.
Се зближи со некого, се спријатели. Тие беа скарани, ама сега се заарнија.
заарчи | св.
Почне да арчи. Заарчи од парите уште пред да ги донесе дома.
заб | м.
Еден од белузлавите коскени израстоци во вилиците на човекот и на животно што служат за кинење и за џвакање храна во устата. Горни (долни) заби. Предни заби. Имаше убави бели заби. Ги стисна забите.