зѓаволи се | св.
Стане немирен, палав. Момчето откако порасна се зѓаволи. Човекот се зѓаволи.
зјае | несв.
Широко е отворен; стои неисполнет, празен; нема поклопец и сл. Отворените прозорци зјаат во ноќта. Дуќаните зјаат празни. Огромни дупки зјаеја една до друга.
зјапа | несв.
Стои и гледа со отворена уста. Цел ден ништо не прави, само зјапа.
зјапач | м.
Тој што зјапа.
зјапне | св.
зјај | м.
Тесен отвор, процеп меѓу два дела од нешто.
зјајка | ж.
Вид зелено стеблесто растение со цвет.
зџавка | св.
Почне да џавка. Зџавкаа сите во еден глас.