засири | св.

Таа го засири млекото.

заситен | прид.

Што е задоволен од/со нешто, на кој му е доволно нешто. Заситен човек. Заситена публика.

засити | св.

Насити, задоволи потреба предизвикана од глад, од жед. Тој го засити гладот, па легна да се одмори.

заситни | св.

Почне да ситни нешто. Тие го заситнија имотот.

заскита (се) | св.

Почне да (се) скита. Откога го избркаа од дома, тој заскита по улиците.

заскитан | прид.

Што е изгубен. Заскитани патници.

заскока | св.

Почне да скока. Децата заскокаа во водата. Кучето заскока по мене.

заскокотка | св.

Почне да скокотка. Тревата ме заскокотка по нозете. Наеднаш го заскокотка чудна мисла.