засегне | св.

Допре, чепне некого или нешто. Кучето беше толку лошо што не даваше со рака да го засегнеш.

заседа | ж.

Скришно место, позиција од која се изведува ненадеен, неочекуван напад. Тие фатија заседа зад буките. Од партизанските заседи грмнаа истрели.

заседава | несв.

Држи седница, состанок; води состанок или учествува во работата на некое тело. Советот за одбрана ќе заседава деновиве. Делегатите заседаваа цела ноќ.

заседание | ср.

Собир, состанок на членови на некоја организација, колектив и сл. заради разгледување и донесување одлуки. Работата на заседанието се одвиваше во три секции. Пленарни заседанија.

заседи се | св.

Се задржи долго време на едно место. Тој се заседел во кафеаната до полноќ.

заседла | св.

Стави, намести седло на коњ. Тој го заседла коњот.

заседне | св.

заседи Ние се заседнавме и не ни текнува да станеме.

засее | св.

Расее малку, во мала количина. Бабата засеа малку брашно.

засек | м.

Тоа што е засечено со нож или со некој друг остар предмет во дрво и др. Калемење на засек.

засека | ж.

Место со исечени дрвја в шума. Стигнаа до една засека и седнаа да се одморат.