застрашувачки | прид.

Што застрашува, што предизвикува страв. Застрашувачка тишина.

застрела | св.

Убие некого со огнено оружје. Војниците застрелаа двајца заробеници. Ловецот го застрела волкот.

застриг | м.

Прво потстрижување кај бебе, обичај што го изведува кумот.

застриже | св.

Почне да стриже. Тие ги застригоа овците.

застрои | св.

Зачини јадење. Таа го застрои месото со разни мирудии.

заструг | м.

Дрвен или пластичен сад со поклопка. Застругот го наполни со баклава.

заструже | св.

струже. Тој заструга со пилата по трупците. Вратата заструже по набабреното душеме.

заструи | св.

Почне да струи. Во жилите му заструи крвта. Во собата заструи ладен воздух. По снагата му заструија студени морници.

застуди | св.

За време – залади, стане студено. Времето застуди. Ноќите застудија.