зацвета | св.

Почне да цвета. Се стопли и дрвјата зацветаа. Цвеќето што ми го подари зацвета дури по три години.

зацвили | св.

Почне да цвили; да испушта пискав глас од тага, болка и сл. Коњот зацвили во шталата. Кученцето зацвили со последните сили.

зацвркоти | св.

Почне да цвркоти. Дојде пролет и зацвркотеа врапчињата.

зацврсти | св.

Направи да биде цврсто, јако, тврдо. Селаните ја зацврстија браната на критичните места. Фризурата ја зацврсти со лак за коса.

зацврчи | св.

Почне да цврчи. Штурците зацврчеа. Зацврчи подгорениот фитил во ламбата.

зацеди | св.

Почне да цеди; цеди. Тој зацеди лимон во цедалката.

зацели | св.

Залечи, заздрави рана. Раната зацели и набрзо стана од постела.

зацементира | св.

Исполни, поврзе, зацврсти со цемент. Мајсторот ја зацементира дупката во оградата. Ги зацементиравме ногалките на масата во дворот.

зацеп | м.

Расцеп во дрво, карпа и сл.; Тој откако го исече стеблото, направи неколку зацепи. Од зацепите на карпите болснуваше понекое видело.