земјоделски | прид.

Што се однесува на земјоделец. Земјоделските семејства главно живеат на село.

земјомер | м.

Човек што професионално се занимава со мерење на земјишни површини;

земјопосед | м.

Земјиштен имот.

земјопоседник | м.

Тој што е сопственик на (многу) земја како имот;

земјопоседнички | прид.

Што припаѓа, што се однесува на земјопоседник.

земјоса се | св.

Стане болно блед, добие нездрав изглед на лицето со боја на земја.

земјотрес | м.

Потрес на Земјината кора предизвикан од внатрешни поместувања или од вулканско дејство. Градот беше погоден од катастрофален земјотрес.

земјотресен | прид.

Што се однесува на земјотрес. Земјотресно подрачје. Земјотресно инженерство.