закуска | ж.

Јадење (обично ладно и во помала количина) што се јаде надвор од редовните оброци, по определени поводи; мала гозба. Таа подготви мала закуска. Сите пријдоа кон масата со закуски.

заќушка | св.

Почне да удира со не многу силни удари; заудира. Поголемото дете го заќушка помалото.

залагалка | ж.

залажачка.

залагушка | ж.

Вид детска игра со стапчиња.

залади | св.

(само во 3 л.) Почне да станува ладно. Времето залади. Ноќите заладија.

залае | св.

Почне да лае, се огласи со лаење. Негде залајаа кучиња.