инкрустација | ж.

Украсување ѕидови и подови со разни видови камен или мермер; вметнување злато или сребро како украс на метална површина.

инкрустира | св. и несв.

Направи, прави инкрустација.

инкубатор | м.

Апарат за вештачко ведење на пилиња со помош на топлина.

инкубација | ж.

(мед.) Периодот од заразувањето до појавата на првите симптоми на болеста.

иновативен | прид.

Што е склон кон иновирање, кон воведување на иновации.

иноватор | м.

Лице што воведува иновации.

иноваторство | ср.

Дејност на иноваторот, активности за воведување на иновации.

иновација | ж.

Тоа што е воведено како ново во некоја област; новина. Технолошки иновации. Графички иновации. Јазични иновации.

иноверен | прид.

Што е од друга вера. Се наоѓаа во политичко ропство на иноверен господар.