инквизиција | ж.
(истор.) Средновековен католички духовен суд што ги прогонувал и жестоко ги казнувал еретиците.
инкичка | ж.
инковиден | прид.
Што има вид, облик на инка. Инковидно шише.
инкогнито | прил.
Под друго име, непознато, тајно. Патува инкогнито.
инкомпатибилен | прид.
Што не се согласува, не се спојува со нешто, што не одговара на нешто; неспојлив.
инкорпорација | ж.
Вклучување во својот состав; соединување, спојување.
инкорпорира | св. и несв.
Соедини, соединува со нешто, вклучи, вклучува во својот состав, вгради, вградува. Во училишната програма треба да се инкорпорираат и современите медиуми за комуникација.
инкриминација | ж.
Инкриминирање, обвинување.
инкриминира | св. и несв.
Обвини, обвинува некого за нешто, припише, припишува вина некому.
инкриминиран | прид.
За кој станува збор.