исекува | несв.
иселеник | м.
Лице што се иселило од родната земја во друга на постојано живеење. Голем е бројот на нашите иселеници во светот.
иселеништво | ср.
Сите иселеници од една земја доселени во друга. Македонското иселеништво во Канада.
исели | св.
Направи некој да го напушти местото на живеење. Полицијата ги исели диво вселените граѓани од зградата.
исенчи | св.
Направи сенка (во сликарството);
исере (се) | св.
исече | св.
Изреже на делови со нешто остро, со сечење издели на многу делови; распарчи. Го исече лебот на ситни парчиња за да има за сите.
исеченица | ж.
Пресечено место, рана од исекување.
исечка | св.
Исече нешто на мали, ситни делови. Го исечка кромидот.
исечка | ж.
Дел од круг меѓу два радиуса.