исечок | м.
Текст што е исечен, изделен од некоја книга, весник и сл. Го прочита исечокот од весникот за да докаже дека има право.
исили се | св.
Се затрча силно. Се исили и на крајот падна.
исипе | св.
Со сипење испразни, истури нешто.
иситни | св.
Разбие некоја поголема целина, издроби, издели на ситни парчиња, направи нешто да биде ситно. Ги иситни бисквитите и ги полеа со млеко.
исихазам | м.
Монашко движење во источно-христијанската црква во периодот од XII до XIV век, чиишто претставници сметале дека преку молчење, самување и аскетизам ќе се доближат до Бога и ќе стапат во контакт со него.
искади | св.
Со палење миризлива материја (темјан и др.) рашири чад.
искадри | св.
Направи кадри на коса. Си ја искадри косата.
искаже | св.
Каже, изрази со зборови мисла, идеја, впечаток и сл. Го искажа отворено своето мислење за нивната активност.
исказ | м.
Писмена или усна изјава при сослушување пред службено лице. Судијата го прочита исказот на обвинетиот.
исказен | прид.
Што се однесува на исказ, што има карактер на исказ. Исказна реченица. Исказни сврзници.