исполнителен | прид.

Што е одговорен, што ги исполнува обврските. Тој е еден од најисполнителните луѓе што ги знам.

исполнувач | м.

Тој што исполнува нешто. Исполнувач на желби.

испомажи | св.

Омажи повеќе девојки (ќерки). Соседите ги испомажија ќерките.

испомачи | св.

Ги испомачија луѓето да доаѓаат на горештинава.

испомеша | св.

Многу измеша нешто. Ги испомеша работите. Ги испомеша имињата.

испомине | св.

Помине големо растојание. Од утрово до сега долг пат испоминав.

испомоча | св.

Измоча нешто, облее со моч.

испомрзне | св.

Измрзне во голема мера. Тој дојде испомрзнат. Оваа пролет кајсиите испомрзнаа.