испонареди | св.

Нареди повеќе нешта, нареди сè. Ги испонареди масите со секакви јадења.

испоначичка | св.

Начичка, насобере многу нешта на тесен простор, во несоодветно нешто. Ја испоначичка облеката во куферот.

испоникне | св.

Никне во голем број, премногу. По дождот испоникнаа печурки. Испоникнаа цвеќиња во дворот.

испообеси | св.

Обеси во голем број (луѓе, предмети).

испоотвори | св.

Отвори повеќе нешта. Ги испоотворија сите врати.

испопали | св.

Запали повеќе нешта. Ги испопалија сите куќи.

испопаѓа | св.

Испаѓа во голема мера. Лисјата на оревот сосема испопаѓале.

испоплаче се | св.

Раскаже некому за своите проблеми, многу се изжали; Таа се испоплака пред пријателката.

испоплука | св.

Исплука во голема мера. Испоплука диво и злобно.

испопредаде се | св.

Се предаде ‒ за повеќемина. Осомничените се испопредадоа сами.