истобоен | прид.
Што е во една боја;
истовар | м.
Симнување товар од некаде; Кога ќе завршеа со истоварот, седнуваа во сенката да се одморат.
истовари | св.
Симне товар од превозно средство (воз, камион и сл.). Ги истоварија вреќите од приколката.
истоветен | прид.
Што има исти особености со некој или со нешто. Овие песни имаат истоветен мотив. Двата збора имаат истоветно значење.
истовремен | прид.
Што се случува во исто време со нешто друго; Двете претстави се истовремени, така што едната ќе ја пропуштам.
истозначен | прид.
Што има исто значење со нешто друго. Истозначни зборови.
истои | св.
Стои од почетокот до крајот на нешто. Ја истои ноќта чекајќи да дојдат.
истоимен | прид.
Што има исто име со некој друг или со нешто друго. Градот го прослави триумфот на истоимениот фудбалски клуб.
истоименик | м.
исток | м.
Една од страните на светот; запад. Истокот се осветли од сончевите зраци. Некаде на исток како да гореше шумата.