истече | св.
Излезе од некаде со течење, се излее. Го засече местото за да истече лошата крв. Истече млекото.
истимари | св.
Заврши со тимарење. Добро го истимари коњот и го однесе на пазар.
истине | св.
Се олади, стане ладен. Јадењето истина. Кафето истина.
истиска | св.
Сосема изгмечи нешто. Ја истиска цигарата во пепелникот.
истисне | св.
Со туркање или со притисок отстрани нешто или принуди некого да си оди. Ги истиснаа од родните огништа.
истиши | св.
Испушти воздух од нешто надуено, напумпано. Го истиши балонот.
истишти се | св.
Полека се допече на тивок оган. Го остави месото да се истишти.
исткае | св.
Изработи нешто со ткаење. Таа го истка платното за кошула.
истлее | св.
Престане да тлее, згасне. Истлеа жарот.
исто | прил.
Како и друг, како и друго, на ист начин, исто така. И ние исто би постапиле.