итрува | несв.

Се прави итар. Итруваше тој со старците пред берберницата по цел ден.

ифрит | прид.

Што е налутен, бесен. Не задевај го, денеска е ифрит.

ифтибар | м.

Чест, почитување. Ќе ти држам ифтибар, како да не!

ифтирија | ж.

Тоа се само ифтирии, таа ги измислува.

их! | изв.

За изразување жалење. Их, како не му реков да не оди таму!

иха! | изв.

За изразување голема мера. Иха, колку ми поминало мене преку глава!

ихтиол | м.

Катранеста маса што се употребува за лекување кожни болести и за дезинфекција.

ихтиолог | м.

Тој што се занимава со ихтиологија.