ихтиологија | ж.

Наука, гранка на зоологијата што ги проучува рибите.

ихуу! | изв.

ич | прил.

Ништо, никако. Оди да купиш кафе, ич нема веќе. Тоа ич не доаѓа предвид.

иш! | изв.

а) За бркање кокошки. б) За бркање што било друго. Иш, чумо, иш!

ишала! | изв.

Дај боже.

ишарет | м.

Знак, гест. Се разбраа со ишарети.

ишарети | несв.

Прави ишарети. Сакаше да позборува нашински, а не само да мрмори и да ишарети.

ишари | св.

Украси со шарки. Таа го ишари килимот со разни шарки.

ишарка | св.

Таа го ишарка цртежот.

ишијас | м.

Силни болки што се шират од 'рбетот по должината на нервот на ногата.