игрив | прид.
Подвижен, пргав, жив; весел. Игрив коњ. Игриво јаре. Игрива насмевка. Игриви очи.
игроорен | прид.
Што се однесува на игроорец. Игроорна вештина. Игроорни групи.
игроорец | м.
Тој што добро игра оро. Игроорец во носија. Игроорците се држат за раце.
игротека | ж.
Затворен простор кој е уреден за детска игра и забава.
игумен | м.
Старешина на машки православен манастир.
игуменија | ж.
Монахиња старешина на женски православен манастир.
игуменски | прид.
Што се однесува, што припаѓа на игумен. Игуменска должност. Игуменски гроб.
игуменува | несв.
Управува со православен манастир. Пејчиновиќ игуменувал во запуштениот лешочки манастир.
иде | несв.
Доаѓа ваму; со одење или со превозно средство, а и самото превозно средство, се приближува однекаде наваму, обично кон лицето што зборува. Многу ретко идеш. Од далеку ли идеш? Идам право од дома. За првпат идеме овде,во селово. И да го викаш, не иде. Мајка ми иде со ужина. Во мракот иде кон него некаква човечка фигура. Кога иде возот од Белград?
идеал | м.
Претстава за совршена форма на нешто што се поставува како цел. Се бореше за идеалите на слободата. Недостижен идеал. Животен идеал. Естетски идеал.