изнапраша се | св.

Праша за многу работи, постави многу прашања. Не можеше да се изнапраша за роднините во татковината.

изнапраши се | св.

Се направи со прав во голема мера, се напраши многу. Се изнапрашивме по тие селски калдрми.

изнапреде | св.

Испреде многу, напреде во голема количина. Изнапреде волна за килими и јамболлии.

изнаприкаже | св.

Прикаже, наприкаже многу, во голема мера. Тој изнаприкажа многу работи за таа далечна земја каде што престојувал.

изнаработи се | св.

Се наработи многу, во голема мера. Денеска добро се изнаработивме.

изнарадува се | св.

Се израдува, се нарадува многу на нешто. Старите многу му се изнарадуваа на внучето. Тие се изнарадуваа со децата, со нивната весела смеа.

изнараѓа | св.

Откога се премажи, таа изнараѓа едно чудо деца.

изнарече | св.

Рече многу работи, во еден здив. Таа во лутината изнарече многу глупости.

изнарипа | св.

Нарипа во голем број, многумина, сите. Тие сите изнарипаа во одбрана на својот другар.

изнароди | св.

Роди многу, во изобилство. Лозјата изнародиле годинава многу грозје.