изначуди се | св.

Се начуди многу, во голема мера. Се изначуди на тоа што го виде. Сиот народ што беше на сретсело се изначуди на неговите трикови.

изнашари | св.

Нашари доволно, нашари со многу шарки. Ткајачката ги изнашари килимите со повеќе бои.

изнашета се | св.

Се нашета доволно, многу. Се изнашета по светот пред да се ожени.

изнаѓубри | св.

Наѓубри многу, доволно. Ја изнаѓубри нивата добро уште есеноска.

изнајава се | св.

Се најава доволно, многу. Свадбарите се изнајаваа одејќи по невеста во друго село.

изнајаде | св.

Најаде некого повеќе од потребното, премногу. Бабата го изнајаде внучето со попара.

изнајде | св.

Најде, пронајде нешто што се бара. Ги изнајде роднините во големиот град.

изнајми | св.

Тргоовецот изнајми простории за складирање на стоката. Изнајмивме стан.

изневера | ж.

Невера, нарушување на ветената или очекувана верност. Неговата изневера ги погоди сите. Тој пишува за изневерата и за последиците по вљубените.

изневерен | прид.

Што го изневериле, што доживеал изневера. Изневерен маж. Изневерена жена.