изневери | св.
а) Прекрши, погази даден збор, обврска, не исполни тоа што се очекува. Тој ги изневери своите другари кои многу очекуваа од него. б) Прекрши, погази верност во односите меѓу мажот и жената. Тој со години ја изневерувал жената.
изнежнет | прид.
Што станал многу нежен, неотпорен. Изнежнети дечиња.
изнежни се | св.
Стане претерано нежен, осетлив. Од болеста детето многу се изнежни.
изнемоштен | прид.
Лице што останало без сила, без енергија од замор, од глад, од болест и сл. Изнемоштени тела. Изнемоштен старец.
изнемошти | св.
Губи моќ, физички заслабува. Болеста ги изнемошти старците.
изненада | ж.
Нешто што се случува неочекувано, одненадеж; изненадување. Тој дојде изненада. На моја голема изненада, влезе дедо ми.
изненаден | прид.
Што се изненадил. Изненаденото дете почна да плаче. Изненадените војници припукаа.
изненаден | прид.
Што се случил ненадејно, неочекувано. Изненадна средба. Изненадниот молк сите ги збуни.
изненади | св.
Предизвикува изненадување кај некого од неочекуван настан, постапка, дејство. Веста ги изненади сите. Раната зима ги изненади земјоделците. Гостите со својата борбена игра ги изненадија домаќините.
изненадувачки | прил.
Што предизвикува изненадување. Кога порасна, изненадувачки брзо сфати како одат тие работи. Изненадувачки добро испадна целата работа.