Казабланка | ж.

Град во Мароко, Африка.

казамак | м.

Општ назив за болести што се карактеризираат со исипување по кожата, најчесто за мали сипаници.

казамат | м.

Затвор во тврдина за злосторници и политички затвореници.

казан | м.

Голем, длабок бакарен сад со тркалезна форма што служи за загревање, готвење, перење и сл. Во казанот клокоти качамак. Војнички казан.

казандиса | св.

Заработи, спечали.

казанџија | м.

Занаетчија што изработува казани, бакарни садови и други предмети од бакар.

казанџилница | ж.

Казанџиска работилница.