кадрил | м.
Вид танц со четворица танцувачи, кои меѓусебно си ги менуваат местата. Малата група парови во ритамот на кадрилот се вртеа наоколу.
кадрица | ж.
кадро | ср.
Фотографија. Сега семејството може да се овековечи на кадро.
кадровец | м.
Војник што служи редовен рок во постојаниот кадар.
кадровик | м.
Кадровски референт.
кадроса | св.
Фотографира.
кае се | несв.
Жали поради нешто што го направил или што можел да го направи; жали поради некоја постапка. Веќе се каеше што се јави дома. Се каеше што не седна поблиску до неа.
каже | св.
Соопшти, даде на знаење. Морам да ти кажам, знам оти сте најдобри другари. Никој не знаеше да ни каже од каде е. Дали е тоа сè што имаш да ми кажеш? Јас јавно ќе го кажам своето мислење.
кажувачка | ж.
Кажување.
каза | ж.
Административно-управна единица во Отоманска Турција.