казарма | ж.

Касарна. Коњичка казарма.

казарница | ж.

Просторија во која е сместен казан за варење ракија. Напати одеше во казарницата каде што се вареше ракија.

Казахстан | м.

Држава во Азија.

казачок | м.

Руски и украински народен танц со брзо темпо и карактеристични потскокнувања.

каздиса | св.

Налути некого. Тие зборови го каздисаа.

казеин | м.

Белковинска супстанција во млекото; млечна белковина.

казино | ср.

Објект, просторија за забава; клуб.

казма | ж.

Алатка, тежок рачен копач. Удирав со казма по коренот што пуштил жили. Млад сум, не се плашам од казма и лопата.

казна | ж.

Мерка што се применува кон некого поради некаква вина, направен престап, пропуст, злосторство и сл. Парична казна. Смртна казна. Доживотна казна.

казнен | прид.

Што се однесува на казна и казнување. Казнена експедиција. Казнен завод.