килибар | м.

Тврда, кристализирана фосилна смола од растително потекло, најчесто со жолта боја што се користи за изработка на накит и други предмети. Носеше ѓерданче од килибар.

килибарен | прид.

Што се однесува на килибар. Килибарни бројаници.

килим | м.

Вид дебела простирка, исткаена од волна или друг сличен материјал, за покривање под, ѕид и др.; тепих. Во секоја соба имаше по еден персиски килим. Ѕидовите не се гледаа, по нив беа закачени килими.

Килиманџаро | ср.

Планински врв во Африка.

килимар | м.

Тој што изработува килими.

килимарница | ж.

Претпријатие или погон за изработување килими.

килимарски | прид.

Што се однесува на килимар или на килимарство. Килимарски занает.

килимарство | ср.

Производство на килими.

кило | ср.

(разг.) Килограм. На пазар купи три кила круши.