кимка | ж.
Желба, намера за одмазда некому; желба да се напакости. Имам кимка на него.
кимка | несв.
кимне | св.
Со движење на главата изрази согласност или незадоволство, загриженост и сл.; поздрави со такво движење на главата. Таткото кимна со главата во знак на одобрување.
кимоно | ср.
Национална јапонска облека со широки ракави и широк појас околу половината.
Кина | ж.
Држава во Азија.
кинатица | ж.
Нива добиена со „кинење", со разорување на прелог или на ледина..
Кингстаун | м.
Главен град на Свети Винсент и Гренадини.
Кингстон | м.
Главен град на Јамајка.
кине | несв.
а) Со нагли движења прави нешто да биде во парчиња; разделува, раскинува. Таа ги кине писмата и ги пали едно по едно. Трњето му ги кинеа панталоните и кошулата. б) Прекинува на едно место или на повеќе места нешто што е поврзано, цело. Селаните кршеа огради низ лозјата, кинеа тељови, уриваа ѕидови.
кинезитерапија | ж.
Лекување на определени болести со помош на телесни вежби.