Киргистан | м.

Држава во Средна Азија.

киретажа | м.

Чистење на внатрешноста на матката.

Кирибати | ср.

Островска држава во Тихиот Океан.

кирилица | ж.

Една од двете старословенски азбуки создадена од Кирил Филозоф.

кирија | ж.

Плата, награда што се дава на кираџија 1; возарина.

кирка | ж.

Казма.

кирлив | прид.

Што е нечист, валкан. Кирлива чалма.

кирлиса | св.

Извалка, измачка.

кисел | прид.

а) Што има вкус на лимон, оцет и сл. Кисело овошје. Кисели сливи. б) Што по вештачки пат (ферментација, конзервирање, киселење) добил таков вкус. Кисела зелка. Кисело вино. Кисели краставици. Кисело млеко. в) Што има остар, непријатен мирис. Киселата миризба од комињето се чувствува на улицата. Ме заплиснуваше кисел здив од вино.