киселачка | ж.

Вид диво, кисело јаболко.

киселец | м.

Леб приготвен со квасец, леб од киснато тесто.

кисели | несв.

Прави нешто да добие кисел вкус (со додавање на киселина, конзервирање и сл.). Секоја година киселиме зелка. Вечер ќе киселам млеко.

киселина | ж.

Хемиско соединение на водород што при заемно дејство со основи, бази образува соли. Азотна киселина. Борна киселина. Винска киселина. Солна киселина.

киселица | ж.

киселачка.

киселкав | прид.

Што има малку кисел вкус или мирис. Киселкаво вино. Киселкава миризба.

киселница | ж.

Кисела зелка.

киселост | ж.

Својство, состојба на тоа што е кисело; кисел вкус или мирис. Киселост на почвата.