кич | м.

Ликовно, музичко, литературно и сл. дело без вистинска уметничка вредност, лажна уметност, квазиуметност. Во ликовно-естетска смисла овој пример претставува неуспешна творба, своевиден кич.

Кичево | ср.

Град во Македонија.

кичер | м.

(прен.) Снопче коса изделено од другата коса; перче. Златните кичери коса сè уште му се искраднуваат од под капата.

кичерај | м.

Постапка, производ што претставува кич.

кичерски | прид.

Што се однесува, што има карактер на кич. Кичерско сликање.

Кишинев | ср.

Главен град на Молдавија.

кишка | ж.

Крпа за бришење пушка.

кијамет | м.

Лошо време, невреме. Кај се шеташ низ чаршија по овој кијамет.