китило | ср.

Тоа што служи за китење; накит.

китица | ж.

Кај коњите – перче долги влакна, над копитото на задниот дел од ногата.

китка | ж.

Неколку стракови цвеќе заедно; букет. Секој ден се враќаше од полето со китки мирисни синолички.

Китка | ж.

Планина во Македонија.

китнест | прид.

Што е украсен со шари, накит, цвеќе и сл. Седна на една старинска фотелја со китнести делови на потпирачот за раце.

Кито | ср.

Главен град на Еквадор.

китоловец | м.

Ловец на китови.

кифла | ж.

Вид печиво во форма на полумесечина. Пекарски кифли.