клаустофобија | ж.

Страв од престојување, седење во затворен простор.

клацка | несв.

Клати, ниша. Чезата полека клацка по патот.

клацкалка | ж.

Метална или дрвена конструкција со седишта и потпора на средината, во вид на двостран лост што оди горе-долу, што им служи на децата за лулање. Две деца ја напуштија клацкалката и се скрија зад оградата.

клашен | прид.

клашеник | м.

Горна женска облека изработена од клашна, од сукно. Носеше клашеник извезен со срма.

клашна | ж.

Дебела, волнена, обично валана ткаенина од рачна изработка; сукно.

клашнар | м.

Тој што изработува и продава клашна; сукнар.

клашнен | прид.

Што е изработен од клашна; сукнен. Клашнени панталони. Клашнени тозлуци.