класица | ж.
класицизам | м.
Правец во литературата и уметноста што се јавува во 17 и 18 век и се карактеризира со враќање кон традиционалните облици на грчко-римската уметност.
класицист | м.
Претставник на класицизмот во книжевноста и уметноста.
класицистички | прид.
Што припаѓа, што е во духот на класицизмот.
класичар | м.
Проучувач на класичните јазици и култури.
класичен | прид.
Што се однесува на старите Грци и Римјани, на нивната уметност, култура, јазик и сл.; антички. Тука се чувствува на прво место влијанието на грчката, пред сè на класичната литература. Класични јазици. Класична филологија.
класов | прид.
Класови белези.
кластинка | ж.
клати | несв.
Движи ритмички ваму-таму, ниша, лула. Го доближува уште повеќе пагурчето, го клати во раката и отпива малку од него. Коњчето тргна, клатејќи го јавачот на својот грб.
клаузула | ж.
Во правото – посебен член во договор и во друг правен акт со кој се ограничува, се обусловува неговото извршување.