клања | несв.

Кај муслиманите – прави молитва. Тој ја клањал икиндијата кога влегле тие во одајата.

клање | ср.

Глаголска именка од коле; колеж.

клевета | ж.

Кажување невистини за некого со цел да се оцрни, да се урне неговиот углед. Тој и за најмала работа го клеветеше кај учителот.

клеветен | прид.

Што содржи клевета, клеветнички.

клевети | несв.

Измислува и шири клевети. Тој неколкупати го клеветеше кај старешините.

клеветник | м.

Тој што клевети некого, што шири клевети за некого. Сите зборуваа за него, а тој знаеше кој е клеветникот и од каде доаѓаат тие приказни.