клепне 2 | св.
Трепне со очите, намигне. Ќе го сторам тоа без око да ми клепне. Тој клепна неколку пати, па замижа. Таа му клепна и тој почна да ја дотерува гајдата.
клепсидра | ж.
Античка направа за мерење на времето, врз основа на правилно истекување на вода или песок од еден сад во друг; воден или песочен часовник.
клептоман | м.
Тој што страда од клептоманија.
клептоманија | ж.
Болна склоност кон крадење.
клер | м.
Свештенички сталеж, свештенство.
клерик | м.
Припадник на клер, свештеник.
клерикален | прид.
Што се однесува на клер, свештенички; што се однесува на клерикали
клерикалец | м.
Следбеник, приврзаник на клерикализмот.
клерикализам | м.
Политички правец што се стреми кон силно влијание на црквата (особено на католичката) во општествено-политичкиот и културниот живот на една зедница.
клет | м.