кленовина | ж.
Кленово дрво како градежен материјал и за горење.
кленца | несв.
Се ниша ваму-таму, се клати при одот, се гега.
кленѕа | несв.
клепа 1 | несв.
а) Удира, чука на клепало. б) Чука воопшто. На портата клепаат двајца питачи со спружени раце.
клепа 2 | несв.
Трепка со очите. Старецот го гледаше момчето, кое клепаше збунето со очите.
клепало | ср.
Дрвена направа на која се удира за огласување при црквите. Тој го удри клепалото и со тоа ја огласи вечерната служба во црквата.
клепач 1 | м.
Тој што клепа; клепа2. (прен.) Клеветник.
клепач 2 | м.
клепка | ж.
Влакненца по работ на очниот капак. Низ густите, црни клепки, ме гледаа полуотворени сиви очи. Влажните клепки му го замаглија видот.
клепне 1 | св.
Удри, чукне. Само кога ќе клепне камбаната, излегуваше во дворот. Понекогаш ќе клепне мотика на камен, но тоа е во далечината.