клинка | несв.

Оди бавно, се влече; се ниша при одењето, се клацка, оди нерамно (обично за коњ, магаре и сл.). Пред него клинка магарето натоварено со плочи.

клинкачка | ж.

Вид оро.

клинорога | ж.

Коза што има еден прав и еден крив рог.

клинч | м.

(спорт.) Положба во која боксерот се потпира или го држи противникот за да го спречи задавањето на удари.

клинчар | м.

Тој што изработува клинци.

клинчарница | ж.

Работилница за изработка на клинци; продавница во која се продаваат клинци.

клинчест | прид.

клинчи | несв.

Седи без работа, безделничи. По цел ден клинчи во меана.