кмет | м.
Селски старешина. Него го назначија за кмет во селото.
кметица | ж.
Жена на кмет.
кметов | прид.
Што припаѓа на кмет. Кметова куќа.
кметовица | ж.
кметски | прид.
Што се однесува на кмет; што се однесува на кметство.
кметство | ср.
Должност, служба на кмет. Многу пати молев да бидам сменет, ама селаниве не ми даваа да го оставам кметството.
кметува | несв.
Врши должност на кмет. Долги години кметува во тоа село.
кмиши | несв.
Престојува некаде подолго време без работа, безделничи; Ќе кмиши овдека сè дури не тргне неговиот воз.
кнегиња | ж.
Жена на кнез.
кнедла | ж.
Мало тркалезно парче од сварено или пржено тесто.