клучалка | ж.

Отвор за клуч во брава. Се довлеков до вратата и ѕирнав низ клучалката. Го стави увото на клучалката и – ништо не чу.

клучар | м.

Тој што изработува клучеви; бравар.

клучарка | ж.

Жена клучар; клучар 2. Вид примитивен лост за затворање на врата.

клуче | ср.

клучен | прид.

Што има најважно стратегиско значење; основен, главен. Клучно прашање. Клучна позиција. Клучно место.

клучка | ж.

Јазол, начин на врзување. Ортомата се врзува за некоја греда или гранка и на долниот крај се прави клучка. Врзулецот од шалот правеше голема клучка токму под брадата.

клучорога | ж.

Коза со свиткани рогови.

кмека | несв.

(разг.) Испушта тенок и пискав глас. Не туку кмекај!

кмекало | ср.

Тој што често кмека.

Кмер | м.

Припадник на древен народ во Азија, на просторот на денешна Камбоџа.