кнежев | прид.

Што му припаѓа на кнез. Кнежеви слуги.

кнежевски | прид.

Што се однесува на кнез, што му припаѓа на кнез. Кнежевски род.

кнежевство | ср.

Држава или област со која управува кнез; кнежевина. Државата беше поделена на повеќе кнежевства.

кнез | м.

Феудална наследна владетелска титула; владател на кнежевство.

кнезов | прид.

кнезува | несв.

Е кнез, управува со кнежевство.

книвче | ср.

Дем. од книга; книшка 2. Мало парче хартија. Од џебот истресе мало здиплено книвче.

книга | ж.

а) Научно или литературно дело, што се состои од повеќе листови со печатен текст, соединети и подврзани во целина. Купи неколку книги во книжарницата. До долго во ноќта ја читав книгата. б) Том, свеска. Книга прва. в) Назив за одделни делови од Светото писмо што претставуваат посебна целина. Прва книга Мојсиева, глава 19. Книга на пророкот Еремија.