книговезец | м.

Тој што се занимава со подврзување книги.

книговезница | ж.

Работилница за подврзување книги.

книговодител | м.

Службено лице што се занимава со книговодство, со водење на деловни книги во книговодство. Тој е главен книговодител во претпријатието.

книговодство | ср.

(само едн.) Систем на евиденција што се води во специјално одредени, деловни книги и служи за евидентирање и контрола на имотната состојба и финансиските промени во некоја стопанска или друга организација. Ме упатија во едно претпријатие да го водам книговодството.

книгоиздавач | м.

Лице или претпријатие што издава книги; книгоиздател, издавач.

книгоиздател | м.

Лице или претпријатие што издава книги; издавач.

книгоиздателство | ср.

Претпријатие за издавање книги и други печатени дела.

книгољубец | м.

Тој што сака, собира книги; лице што го помага издавањето на книги.

книжар | м.

Тој што продава книги. Книжарот му ја понуди најновата книга.

книжарница | ж.

Продавница за книги, книжарски производи и канцелариски материјал. Во излогот на книжарницата беа наредени најновите изданија. Си купи учебници, тетратки и молив во книжарницата.