книжарски | прид.

Што се однесува на книжар и на книжарница. Тој даде иницијатива за ширење на книжарската мрежа во македонските градови. Книжарски излози.

книжарство | ср.

Издавање, продажба и дистрибуција на книги.

книже | ср.

Дем. од книга; книшка Од рака в рака кружеше едно лошо печатено книже.

книжевен | прид.

Што се однесува на книжевност, книжнина; литературен. Книжевно наследство. Книжевна историја. Книжевни стилови.

книжевност | ж.

Уметничко творештво чиешто изразно средство е зборот, јазикот;

книжен | прид.

Што е изработен од хартија. Книжни пари. Книжна салветка. Книжна маска.

книжи | несв.

Внесува, заведува во трговски или касови книги.

книжиште | ср.

Аугументатив и пејоратив од книга.

книжнина | ж.

Севкупното творештвото на еден народ во областа на литературата, писменоста. Македонска книжнина. Народна книжнина. Црковна книжнина.