кобнички | прид.
Кобничка мисла.
кобра | ж.
Змија отровница, долга до 2 метра, што живее во југоисточна Азија; Naia tripudians.
ков | м.
Метал што се кове. Замижан на едното око ја проценува острината и ковот.
кова | несв.
ковало | ср.
Алат за потковување.
кован | прид.
Што е изработен од метал; што е изработен со ковење. Дворот беше со ограда од ковано железо. Ковани пари.
кованица | ж.
Нов, вештачки создаден збор. Авторот употребува голем број зборови кованици.
коварен | прид.
Што е со лоши, подли намери, лукав. Коварни луѓе. Коварни измами.
коварство | ср.
Подлост, лукавство; коварна, подла постапка.
ковач | м.
Тој што со ковење изработува или поправа предмети од метал.