кожурек | м.

Површински слој што се фаќа на пресно млеко, кајмак.

кожурец | м.

Последен степен од развојот на некои инсекти (свилена буба, пеперутка и др.); кукла. Таа презимува во стадиум на ларва во свилест кожурец.

кожушен | прид.

Во гатанка за кромидот. Осушен, досушен, три девет кожушен.

коза | ж.

Домашно животно со рогови, преживар со долго остро влакно и брада; се одгледува заради млекото, волната и месото. Козарите имаа определени места каде ги собираа изутрина козите за да ги носат на пасење.

козав | прид.

козар | м.

Тој што ги чува, што ги пасе козите. Козарот ги пасе козите на планина.

козарник | м.

Место каде што се држат кози.