кожинка | ж.
кожа.
кожичка | ж.
Дем. од кожа; мала и/или тенка кожа. На некои места по кожичката му се оцртуваа жиличките.
кожлест | прид.
Што е како кожа, што личи на кожа. Кожлести круши.
кожодер | м.
Тој што дере кожа на животни, на добиток; дерач 2. (прен.) Тој што наплатува повеќе, што пљачка; дерач 4.
кожув | м.
Горна облека изработена од кожа, поставена со крзно од внатрешната страна. Селанецот ја слече гуњата и остана само по кожув без ракави. Го облече дебелиот кожув и излезе пред порти.
Кожув | м.
Планина во Македонија.
кожувар | м.
Тој што изработува или што продава кожуви; крзнар, ќуркчија.
кожуварница | ж.
кожуварски | прид.
Што се однесува на кожувар и кожуварство. Кожуварски занает. Кожуварска работилница.
кожуварство | ср.
Кожуварски занает.