козарство | ср.

Одгледување на кози како сточарска гранка.

козер | м.

Тој што умее да забавува, да засмејува, духовит човек.

козерија | ж.

Забавен, интересен (обично шеговит) краток новинарски текст за некој актуелен настан, за некоја личност и сл.

козешки | прид.

кози се | несв.

За коза – раѓа јаре. Козите се козат во определено време од годината.

козина | ж.

Козјо влакно. Еден ја држи козата за рогови, а друг ја стриже острата козина.

козинав | прид.

Што е изработен од козина. Козинава сакма. Козинаво покровче. Козинав шајак.

козинави | несв.

Пушта влакна.

козле | ср.