козметика | ж.
Вештина за негување и разубавување на кожата на лицето и на телото. На масичката имаше различни шишенца за козметика и мириси.
козметичар | м.
Тој што се занимава со нега и разубавување на кожата на лицето и телото, со помош на козметички средства, масажа и сл.
козметички | прид.
Што се однесува на козметика и на козметичар. Козметички салон. Козметички средства.
Козјак | м.
Вештачко езеро во Македонија.
Козјак | м.
Планина во Македонија.
козји | прид.
Што се однесува на коза, што е од коза. Козја брада. Козјо млеко. Козјо сирење.
коинцидентен | прид.
Што се однесува на коинциденција, истовремен.
коинциденција | ж.
Случајно совпаѓање или поклопување, истовремено случување. Нивната средба беше чудна коинциденција.
коинцидира | св. и несв.
Се случи, се случува истовремено, се совпадне, се совпаѓа со нешто. Епохата на Ками коинцидира со драматичноста на цивилизацијата.
кок | м.
Начин на чешлање, фризура на долга коса, при што косата се витка и се собира над вратот или горе високо на главата. Косата ѝ беше прибрана во кок.