кока | ж.

(бот.) Јужноамериканска тропска грмушка чии листови содржат кокаин; Erythroxylon coca.

кокаин | м.

Алкалоид што се добива од кока или по синтетички пат, силно наркотично средство што се користи за локална анестезија и за ублажување на болки во медицината.

кокал | м.

коска.

кокалест | прид.

кокалка | ж.

Ковче.

кокарда | ж.

Метална значка на службена шапка.

кокета | ж.

Жена што се стреми да го привлече вниманието на мажите со своето однесување, облека; кокетка.

кокетен | прид.

Што привлекува внимание, убав, привлечен. Таа беше јадра, кокетна, примамлива жена.

кокетерија | ж.

Стремеж да се допадне некому, да се привлече нечие внимание, да се придобие нечија наклонетост; кокетирање, кокетство.