Калахари | ср.

Пустина во јужниот дел на Африка.

калач 1 | м.

Сабја.

калач 2 | м.

Само во изразот на калач – накосо, настрана. Динарот падна на калач. Сече на калач.

калачка | ж.

Сабја; Калачката ја острев дење, а ноќе паѓаа глави по чифлиците.

калај | м.

Хемиски елемент, метал со сребренобела боја што се употребува за обложување на метални и др. предмети; симбол Sn.

калајџија | м.

Занаетчија што работи со калај, што калаисува. Калајџиите ги ставаа светнатите казани пред влезот на дуќанот.

калвинизам | м.

Верско учење на Жан Калвин, француски протестантски реформатор од 16 век.